fbpx

Најголемото ЕV во светот со резултати подобри од очекуваните

Најголемото електрично возило во светот претставува електричен дампер кој работи на планинскиот каменолом во Бил, Швајцарија и постигнува одлични резултати

Прототипот електричен дампер (е-Дампер) е мозокот на е-Рударството, кое е подружница на Кун, Швајцарија. Зелениот камион кипер, способен да испорача 60 тони вар и мермер, тежи 118 тони кога е целосно наполнет. Неговите масивни пневматици се повисоки од 2 метри.

Целосно електричниот е-Дампер се напојува со 8 тонска батерија од 700 kWh.

Енергијата добиена од движењето по надолнината од планината (товарен) се складира во батериите преку регенеративно кочење и се користи за напојување кога камионот се движи по нагорнината (нетоварен), вели директорот за продажба на е-Рударство, Гернот Битл. Преку регенеративното кочење, камионот заштедува 50.000 литри дизел гориво годишно, што е еднакво на околу 130 тони емисии на јаглерод секоја година.

Битл вели дека е-Дамперот е веќе комерцијално достапен каде било во светот, со помош на сетови алат за конверзија. Тековниот е-Дампер е конвенционален дампер Komatsu кој беше претворен во електрично возило.

„Бидејќи проектите се прилагодени според потребите, немаме општа цена за реализација”, забележува Битл. Тој вели дека прототипот штотуку поминал 1 500 часа работа во Швајцарија, без никакви проблеми. Всушност, додава тој, „со задоволство можеме да кажеме дека тоа функционира подобро од првично планираното. Бидејќи не го конвертиравме само погонот, туку и го дотеравме комплетното возило, бевме во можност да ги зголемиме перформансите на товарање и брзината за повеќе од 10%,”

Тој вели дека носивоста на возилото останува иста како и кај дампер со иста големина и покрај тежината на батериите, бидејќи е-Рударството ја оптимизирала надградбата со цел да се постигне оптимален капацитет на товарање.

„Со оглед на мешаната топологија со поголем процент на транспорт по надолнина, оперативните трошоци можат да бидат и до 80% пониски отколку кога се користи споредбено дизел погонуван дампер”, додава тој. Исплатливост може да се постигне помеѓу пет и десет години. Најголемите трошоци за одржување, поправка и работење на дамперот се поврзани со дизел моторот.”

дампер

Но, што е со инфраструктурата за полнење и трошоците?

„Тоа зависи од хемијата на батеријата и достапната инфраструктура, но најмногу од топологијата на патиштата и условите во каменоломот”, наведува Битл. „Во нашиот случај, понекогаш батеријата треба да се наполни само после три дена. Полнењето може да трае помеѓу еден и осум часа во зависност од капацитетот на станицата за полнење. Ако каменоломот има конструкција што ги подобрува предностите на нашата технологија, можеби не е потребна скапа инфраструктура.”

Битл верува дека дојдено е време ЕV да го заземат своето вистинско место во рударската индустрија. „Возилата погонувани на батерии се многу поефикасни при транспорт по надолнини од дизел дамперите.” Гледајќи напред, Битл е уверен дека е-Дамперот ќе најде и соодветни примена во градежната индустрија.
„Во текот на следните четири години, ние имаме за цел да конвертираме камиони со поголем товарен капацитет, да ги подобриме постојните стандардни комплети за конверзија, да ја прошириме продажната мрежа и да вклучиме автономно возење во нашиот опсег. И, се разбира, разгледуваме нови концепти за батерии со цел да ја зголемиме нашата конкурентност. Во моментов размислуваме за конвертирање на возило со капацитет од 100 тони, користејќи различни батерии.”

Поврзани вести

Back to top button