ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Кои се најпродаваните брендови и модели во Европа, во октомври

JATO Dynamics ја објави статистиката за продажба на автомобили за минатиот месец. Бизнисот во Европа се подобри за 5,6%

Бизнисот во Европа се подобри за 5,6% во споредба со ланскиот октомври и е на ниво од 1.202.877 единици. Имплементацијата од почетокот на годината е на ниво од 13,18 милиони или 3,6% подобро од 2016.

Со пораст од 2,7% во октомври и 133.881 нови автомобили, Volkswagen е водечки во Европа. Renault е на второ место, со подобрување од 15,5%, односно 88.855 реализирани единици, по што следи Ford со раст од 5,3%, или 80.549 возила. Во Топ 10 на најпопуларните брендови во Европа во октомври влегуваат уште: Peugeot (+ 16,5%, 77.545), Mercedes (+ 8,8%, 71.727), Opel / Vauxhall (-2,2%, 68.256) Audi (-1,4%, 66.284), BMW (-9%, 58.715), Škoda (+ 9,9%, 56.748) и Toyota (+ 21,1%, 53.769).

Европа

VW Golf евидентира завиден резултат во октомври, со раст од 23,7%, или 43.679 возила и продолжува да биде најпосакуван автомобил во Европа. Втор е Renault Clio, кој се рангираше со 23.507 единици и подобрување од 7.1%, пред Peugeot 208 со 21.556 автомобили (+ 14,5%). Во Топ 10 на најпродаваните нови модели во Европа влегуваат уште Ford Fiesta (-10,3%, 20.466), Volkswagen Tiguan (+ 3,4%, 19.277), Škoda Octavia (+ 6,1%, 19.273), Nissan Qashqai ( + 1,9%, 18.056), Toyota Yaris (+ 14,9%, 17.495), Renault Captur (+ 9,8%, 17.051) и Citroen C3 (+ 39,9%, 16.996).

Европа

Со импресивни пазарни резултати во октомври можат да се пофалат Peugeot 3008 (+ 161,2%, 15.434 ), Dacia Sandero (+ 22,5%, 13.631), Ford Kuga (+ 52,8%, 12.524), Mercedes E-Class (+ 27,7%), Mercedes GLC (+ 50,6%), Renault Scenic (+ 164,4%), BMW 5 (+ 46,3%) и Opel Insignia (+ 65%).

Клучни зборови

Поврзани вести

Close