fbpx

Најскап автомобил на светот!

Ferrari 250 GTO, произведено во 1963 година, познато по името „Светиот Грал", стана најскапиот автомобил во светот, откако беше продаден за рекордни 52 милиони фунти (59,5 милиони евра)

Моделот е најпознат по тоа што во 1964 година го освои Тур де Франс, една од најпознатите и историски автомобилски трки во светот, што во тоа време се одржувала цели 10 дена. Моделот, познат и како 4153 GT, е исклучително редок. Од него се произведени само 36 примероци во периодот 1962-1964 година. Ова остварување учествувало на низа разни натпревари и изложби во светот, а во последните неколку години бил базиран во Германија.

Славниот историчар на брендот Ferrari, Марсел Масини, го опишува автомобилот како еден од водечките три-четири GTO остварувања во светот.

Тој потврди дека автомобилот е купен од американски бизнисмен. Се тврди дека новиот сопственик е Дејвид Макнил, извршниот директор на компанијата WeatherTech. Масини, исто така е убеден дека по 5 години моделот GTO ќе биде продаден за 100 милиони фунти (114,5 милиони евра). Во 90-тите години на минатиот век тоа Ferrari 250 GTO е обновено од британската компанија DK Engineering. Автомобилот е со 3.0-литарски V12 мотор кој развива над 304 коњи. Забрзувањето од место до 100 km/h трае 6,1 секунди, а максималната брзина му е 280 km/h.

Поврзани вести

Back to top button