fbpx

Sweptail, најскапиот автомобил влегува во сериско производство

За време на неговата премиера во мај 2017 година, Rolls-Royce Sweptail ја затресе јавноста со цена од 12,8 милиони долари. Првично, компанијата планирала да направи само еден примерок од најскапиот автомобил во светот.

Сепак, тие нашле многу подготвени клиенти да го купат Sweptail, па Rolls-Royce објави дека ќе го произведуваат во ограничено издание.

Во основата на Sweptail ја користи платформата на Rolls-Royce Phantom од претходната генерација, а под капакот е монтиран 6,75 литарски V12 мотор кој развива 460 коњски сили. Се разбира, компанијата би можела да стави повеќе модерни турбо мотори со дури 570 коњски сили од новиот Phantom.

sweptail

 

Сè уште не е познато колку парчиња од моделот ќе бидат произведени. Можно е идните сопственици на моделот да се навредат бидејќи се надеваа дека нивниот автомобил ќе биде единствениот во светот.

Поврзани вести

Back to top button