fbpx

Најспортскиот електричен VW досега – ID.3 GTX Performance

Volkswagen ID.3 GTX Performance е „пожешка“ верзија на досегашниот GTX и располага со поголема брзина и забрзување до „стотка“ за 5,7 секунди

VW лансираше нов Golf GTI и GTI Clubsport оваа година, но љубителите на марката во Европа кои се обидуваат да откријат кој од нив да купат, можат да додадат друга опција на нивната шопинг листа. Електричниот ID.3 GTX Performance штотуку се најде во продажба, нудејќи дополнителна моќност во однос на постоечкиот ID.3 GTX и интересна алтернатива на GTI Clubsport.

Volkswagen ID.3 GTX Performance

ID.3 GTX и GTX Performance беа првично покажани оваа пролет, но досега само основниот GTX беше достапен за нарачка. Двата модели добиваат единечен електричен мотор поставен назад, но додека GTX произведува 286 КС и потребни му се 5,9 секунди за да достигне од место до 100 км/ч, GTX Performance добива 325 КС од својот електромотор кој го намалува времето на спринт од место до „стотка“ на 5,7 секунди.

Други предности кај Performance верзијата се максималната брзина од 200 км/ч – наместо 180 км/ч – и DCC адаптивни амортизери на местото на пасивните амортизери на GTX. Дополнителната сума ја зголемува цената на Performance со нула опции на 52.295 евра, иако VW им нуди на германските клиенти субвенции од 3.570 евра – исто така достапен на основниот GTX – што ја намалува цената на Performance на 48.725 евра.

И таа намалена цена го носи многу блиску до нешто што може да се смета за негова алтернатива со погон на внатрешно согорување, Golf GTI Clubsport кој има цена од 48.075 евра во Германија. Clubsport произведува 301 КС од својот 2,0-литарски турбо мотор.

Поврзани вести

Back to top button