fbpx

Дали е време за атомски мотори?

Американската вселенска агенција NASA започна со теренско испитување на револуционерен компактен нуклеарен реактор кој може да напојува машини со големина на автомобил

Системот, наречен Kilopower, е наменет за идни мисии на Марс, но ако испитувањата се успешни, ќе се применува и на Земјата.

Од NASA истакнаа дека веќе се завршени првите тестови на Kilopower кој е во суштина миниатурна верзија на реакторите во кои имаме распаѓање на јадрото на атомите, како во модерните нуклеарни централи. Лабораториските тестови поминаа и во март агенцијата започнува со теренски тестови на вистински систем.

Kilopower има до 10 киловати електрична енергија, со која може безбедно да напојуваат неколку домаќинства. Во идните мисии на Марс, тој не само што ќе ги полни батериите на електричните марсоходи, но и ќе ги снабдува со енергија станбените простории и ќе произведува течен водород, како гориво за враќање до Земјата. Концептот воопшто не е нов, во суштина, NASA ги откри плановите уште во 60-тите години на минатиот век.

– Главната предност е дека сличен реактор дава извор на енергија со висока густина, независно од неговата ситуација или од сонцето, објаснува Патрик Маклур кој раководи со проектот во лабораторијата во Лос Аламос. Самиот реактор е со големина на ролна на тоалетна хартија, а сепак доволно е да напојува две куќи за цел ден. Kilopower има јадро на ураниум- 235, што им дава топлина на цевките од натриум. За возврат, тој се претвора во електрична енергија од т.н. мотори на Стирлинг. Во извесна смисла, системот наликува на модерен автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Досега, вселенските апарати како што марсоходот Curiosity или сондата Voyager користеа како извор на енергија радиоизотопски термоелектричен генератор. Тоа во суштина произведува енергија од распаќање на одредена количина на радиоактивен материјал. Недостатоци на оваа инаку многу сигурна технологија е тоа што произведува многу малку енергија, а на идните мисии ќе треба многу повеќе.

Во моментов научниците од NASA не коментираат за можните апликации на Kilopower на земјата, најверојатно поради широко распорстранетите критики против атомската енергија по инцидентот во Фукушима. Независни експерти, како професорот по физика, Џонатан Вудфорт, тврдат дека ваков систем би можел да биде исклучително безбеден, сигурен и со минимални количества радиоактивен отпад. И тоа ќе биде одлучувачки чекор за преминување од мотори со внатрешно согорување на електрични возила. Веројатно дискусијата ќе продолжи по првите тестови на Kilopower.

Поврзани вести

Back to top button