fbpx

Наскоро Uniti EV

Шведската компанија Uniti на 7-ми Декември ќе го претстави градскиот електричен автомобил, заедно со отворањето на своите производствени погони во Ланскрон

Производството на автомобилот Uniti EV се очекува да стартува во 2019 година, а компанијата истакнува дека веќе сега за ова остварување има 915 резервации. Според информациите моделот ќе има автономија од 300 km, а ќе биде достапен во верзии со две или четири седишта.

Uniti EV

Основната верзија на изведбата ќе биде со тежина од 450 kg, а како се наведува за конструкцијата и каросеријата ќе бидат употребени јаглеродни влакна и био-композитни материјали. Во ентериерот се споменуваат електронски управувач и head-up дисплеј.

Што се однесува до цената, основниот модел на Uniti EV би бил околу 20.000 евра.

Uniti EV

Поврзани вести

Back to top button