fbpx

Научници создаваат „жив” материјал за ентериерот на автомобили

Научниците од технолошкиот Универзитет од Масачусетс MIT и инжинери на BMW започнаа заеднички проект чија цел е развој на нов материјал на возилото за ентериерот

Проектот се нарекува Liquid Printed Pneumatics. Во создавањето на тој материјал е употребен 3D печатач, благодарение на што течните супстанции се воведуваат во сите можни форми додека се во гел состојба, а потоа постепено се зацврстуваат. Научниците успеале да добијат 100% силиконска гума со воздушни комори внатре, благодарение на што може да се надува или да се намали користејќи претходно создадена шема.

Овој материјал наликува на нешто „живо”.

Сопствениците на автомобили со таков материјал во внатрешноста, на пример, ќе можат да ја сменат конфигурацијата на седиштата со тоа што ќе ги комбинираат во една или ќе ги прошират во различни насоки, како и да ја менуваат нивната ригидност.

материјал
Liquid Printed Pneumatics proektot pretstaven na CES implementiran vo BMW

Поврзани вести

Back to top button