fbpx

Неверојатната технологија зад Czinger 21C

Czinger е нов играч во полето на хиперавтомобилите, но се истакнува не само поради перформансите, туку и револуционерниот процес на производство

Czinger 21C хиперавтомобилот се одликува со хибриден погон кој е комбинација на V8 мотор и два електромотори. Целиот систем испорачува 1.250 КС и му овозможува на 21C да го достигне спринтот од нула до „стотка“ за околу 2 секунди, а максималната брзина е 431 километар на час.

Сето ова делува импресивно, но во индустријата каде хибридизацијата и електрификацијата стануваат чести, производителите мораат да најдат некој нов начин за да се разликуваат од својата конкуренција. Токму тука Czinger стапува на сцена со својот иновативен производствен процес.

Czinger

Дизајн

Првото е микс на компјутациско инжинерство и генеративен дизајн, користејќи компјутер за оптимизирање на деловите за одредена цел со сет на ограничувања. Таквите ограничувања вклучуваат работи како тежината, силата, големината, материјалот и монтирачките места. Овие работи се внесуваат во компјутерот, по што се добива најлесниот и најцврст дел според дадените ограничувања, преку откривање на тоа каде точно материјалот треба или не треба да биде.

Ова резултира со мошне органски, речиси вонземјански дизајни кои се лесни и цврсти колку што се и карактеристични. Инженерството го диктира дизајнот на автомобилот, што значи дека изгледот на 21C до некаде е ист како Le Mans прототипот, со меурчест кокпит и каросерија која елегантно поставена над механиката.

Производство

Следната уникатна тактика која ја применува Czinger е екстензивното користење на 3D печатењето, исто така познато како адитивно производство. Покрај целото користење на карбон, најголемиот дел од 21C е направен од алуминиумски легури и титаниум. Со оглед на тоа дека дизајнот на компјутациски создадените делови исто така се комплексни, речиси е невозможно за да се создаде конкретниот метал во така комплицирана структура.

Czinger

Токму затоа Czinger се насочува кон адитивниот производствен процес наречен Selective Layer Sintering (SLS). Работи така што користи ласер за зацврстување на метал слој по слој се додека не се постигне готов дел. Иако SLS не е технологија на Czinger, сепак користењето во контекст на нивните производи е навистина напреден потег.

Составување

Последниот иновативен процес на Czinger е нивниот метод на склопување или составување. Компанијата има развиено нешто што се нарекува Automated Unit (AU), што користи уникатен метод наречен вертикално склопување. Секој AU е систем на роботски раце кои работат синхронизирано еден со друг со цел да го состават автомобилот. Некои раце ја држат шасијата и ја ротираат како што е потребно, додека другите ги прикажуваат деловите на возилото. Треба да се напомене дека AU може да го прави сето ова без човечко надгледување.

Друга бенефиција од AU системот е разновидноста. Бидејќи секој AU е своја единици и комплетно компјутеризирана, секоја може да биде репрограмирана и да се искористи за да ги пресретне сите барања во работата. На врвот на сето тоа, чини само дел од конвенционалната лента на склопување, со што не само што е понапредна и поразновидна, туку и поевтина.

Поврзани вести

Back to top button