Невидливиот спојлер од Mazda
Mazda патентира интересен заден спојлер, кој се прибира во посебен дел над Стоп светлото на возилото
Документацијата поднесена во американската Канцеларија за патенти и трговски марки, илустрира развој со фотографии, чија задница потсетува на прототипот RX-Vision Concept.
Постојните спојлери од овој тип се виткаат во просторот меѓу Стоп светлото за да ја покријат целата широчина на автомобилот, имаат потреба од сложена конструкција за преклопување од неколку делови. Одлуката на јапонските инженери е да се вгради новината во антикрилото, каде практично не се гледа, додека не се активира.