Њујорк воведува провизија за сообраќајниот метеж во центарот
Властите во Њујорк размислуваат за воведување на посебна такса за делови на градот во износ од 11,52 долари
![Њујорк](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/01/N-n-5-780x405.jpg)
Властите во Њујорк размислуваат за воведување на посебна такса за делови на градот во износ од 11,52 долари, за да се намали сообраќајниот метеж во центарот на метрополата, што е добра можност да се зголеми финансирањето на јавниот транспорт. За возачите на камиони такасата „метежот“ ќе биде 25,34 долари, а за таксистите и Uber возилата, помеѓу 2 и 5 долари.
Сообраќаен метеж во центарот на Њујорк
Воведувањето на надоместоците ќе станува постепено поради различните категории возила до 2020 година и ќе се врши со помош на електронски уреди во некои делови на Њујорк за време на „шпицовите“. Поборниците за оваа идеја велат дека данокот ќе го намали застојот и ќе го зголеми јавниот транспорт. Скептиците стравуваат дека ова ќе биде нов товар за средната класа и сиромашните.