fbpx

Newsweek потврди дека Toyota е „најзелен производител“ во светот

Newsweek уште еднаш потврди дека Toyota е една од „најзелените“ компании во светот и ја прогласи за „Најдобра во индустријата на глобално ниво“ во категорија - автомобили

Toyota e рангирана на 16-то место меѓу првите 500 „зелени компании“ во светот и e број 1 во својата категорија.

Наградата се доделува на Toyota како признание за постигнувањата во областа на одржливиот развој за еколошките автомобили со хибриден и водороден погон и стана најголемиот авто- производител во светот пред такви реномирани компании како Apple, Starbucks и Nike. Резултатот од оваа година ги подобрува претходните перформанси на Toyota во рангирањето, како одраз на континуираната посветеност на компанијата кон одржливи иницијативи.


– Животната средина е во основата на сè што правиме во Toyota од самиот почеток, вели д-р Јохан ван Зил, претседател и извршен директор на Toyota Motor Europe. – Лансирањето на нашето Environmental Challenge 2050 во 2015 година ги утврди клучните области во кои го намалуваме влијанието врз животната средина во текот на животниот циклус со нашите производи. Со ова признание Newsweek докажува дека одржливата стратегија која ја прифативме, носи дивиденди.

Newsweek Green Rankings ги рангира најголемите „зелени“ компании според осум показатели за мерење на еколошките перформанси. Newsweek, во партнерство со Corporate Knights и HIP Investor ги оценува компаниите во одделните индустрии во спореба со нивните конкуренти, преку различни индикатори, вклучувајки енергетски, водни и отпадни нивоа. Целосната листа на Newsweek Green Rankings е на располагање на веб- страницата на Newsweek на адреса http://www.newsweek.com/green-rankings-2017-18.

Поврзани вести

Back to top button