fbpx

Nissan со бројни најави за CES 2019

Nissan ќе се претстави на специјализираниот саем за електроника CES во Лас Вегас во следниот месец, каде ќе се покаже бројни новини поврзани претежно со светот на електричната мобилност

Без да навлегуваат во детали, од Nissan велат дека ќе ги претстават најновите технолошки остварувања на семејството Nissan Intelligent Mobility, вклучувајќи сосема нова технолошка платформа која „го гледа невидливото“ (See the Invisible), и за која од брендот коментираат дека создава сосема ново чувство за време на возењето преку поврзување со околниот свет.

За прв пат во Соединетите Американски Држави, на штандот на Nissan на CES ќе бидат демонстрирани и целосно новиот електричен тркачки автомобил LEAF NISMO RC, решение за целосно интегрирана електрика во автомобилскиот екосистем и концептуалениот развој IMx KURO.

Друг главен акцент во учеството на Nissan на CES 2019 ќе биде премиерата на нов автомобил, кој најверојатно ќе биде верзијата на новиот електричен LEAF со посилна батерија.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button