Нова технологија го спасува дизелот?
Научниците на Универзитетот во Лоуборо, во Лондон, најдоа начин како да ги редуцираат штетните гасови на дизел моторите, што секако е многу актуелно и неодложно прашање во модерната автомобилска индустрија
Според нив, новата ACCT (технологија за обновување и трансформација на амонјакот) ќе направи дизел автомобили да бидат еколошки како електрични автомобили. Греам Харгрејв и Џонатан Вилсон развија систем кој го преобразува расворот AdBlue, хемиски реагенс, кој се користи за чистење на издувните гасови од дизел моторите.
Добиената течност е богата со амонијак, која ги елиминира емисиите на NOx (азотни оксиди).
ACCT е тестиран на Škoda Octavia. Тестот покажа дека новиот систем апсорбира 98% од емисиите што ги емитува дизел моторот, додека сличниот сооднос само со AdBlue достигнува 60%. На овој начин, ACCT е скоро двојно поефикасен кај сегашните Euro-6 системи.
Научниците забележуваат дека со поддршка и финансирање на развој на овој систем по две години подоцна, „деамонизацијата” на дизел-моторите ќе биде заборавена.
Во оваа фаза, многу глобални автомобилски компании веќе преговараат со програмерите. Научниците, исто така, посочуваат дека најголема закана за екологијата се емисиите на CO2 (јаглероден диоксид), а не NOx (азотни оксиди).