НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Новата дизелска Honda Civic со 9-степен автоматски менувач

Honda објави дека компанијата веќе прифаќа барања за купување на новата дизелска верзија- 1.6 i-DTEC, на новата генерација на Civic, во комбинација со високо ефикасен 9-брзински автоматски менувач

Од Honda коментираат дека новата модификација на Civic, која е прва од ваков вид во целата историја на марката, е во состојба да понуди импресивна ниска просечна потрошувачка на гориво од само 4.1 литри на 100 километри, а еден од „виновниците” за тоа е имено новиот автоматски менувач и неговиот специјално оптимизиран состав за префрлување брзини.

Од брендот додаваат дека освен во стандарден секвенцијален режим на одредени брзини, новата трансмисија одржува и функција за прескокнување, што дава можност за преминување директно од деветта во петта брзина или од седма во четврта, што секако е уште еден елемент што влијае на потрошувачката.

Civic
2018 Civic i-DTEC Diesel

Новата изведба на дизелскиот Civic 1.6 i-DTEC, кој е опремен со еден од првите официјално тестирани мотори по новиот стандард RDE (Real Driving Emission), е со максимална моќност од 120 коњски сили и вртежен момент од 300 Nm.

Во комбинација со новиот 9-степен автоматски менувач, новата модификација е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 11 секунди и да развие максимална брзина на движење од 200 km/h.

Civic

Клучни зборови

Поврзани вести

Close