Новата Mazda CX‑5 пристигнува во Европа

Mazda ја претстави новата CX-5 за Европa која пристигнува со еволутивен дизајн, хибриден мотор и напредни технологии

Mazda ја презентираше новата генерација на CX‑5, својот клучен кросовер SUV кој од лансирањето во 2012 успеа да генерира 4,5 милиони продадени единици, што го докажува огромниот успех на јапонската марка и погодокот кој го направи со моделот.

Новата Mazda CX-5 ја продолжува наследната философија на брендот и ќе започне со продажба на Стариот континент кон крајот на 2025 година, додека лансирањето на глобалните пазари е предвидено за 2026 година.

Mazda CX-5

Дизајн инспириран од “Soul of Motion”

Новата Mazda CX‑5 пристапува со утврдената „SOUL of MOTION“ дизајнерска филозофија, која комбинира динамичен изглед со човечка емоционалност. Според Mazda, целта со „новата емоционална дневна удобност“ е да се обезбеди чувство на возење што пружа радост, мир и удобност во секојдневните ситуации, од градско возење до подолги патувања.

Сепак, ова е повеќе еволуција отколку револуција, бидејќи новиот CX-5 е веднаш препознатлив. Почнувајќи од напред, има експресивна решетка „Signature Wing“. Опкружена е со аголни фарови, кои се влеваат во рамката. Тие се споени со поспортски браник со поизразени отвори за воздух.

Mazda CX-5

По страните, има поостра линија на рамената, како и подолги задни врати кои помагаат да се подобри влегувањето и излегувањето за патниците од вториот ред. На друго место, има стилизирани странични прагови и поекстравагантна каросерија.

Освен што има помодерен и поскап дизајн, CX-5 сега е значително поголем од својот претходник. Должината се зголемува за 114 милиметри, додека меѓуоскиното растојание расте за 76 мм. Ширината е исто така зголемена за повеќе од 13 мм.

Премиум внатрешност за целото семејство

Модерниот дизајн се протега и до кабината, која е минималистички обновена. Mazda беше изненадувачки скромна во однос на спецификите, но можеме да видиме повеќеслојна контролна табла на која доминира достапен 15,6-инчен инфозабавен систем со вграден Google.

Кабината на CX‑5 е дизајнирана да нуди пространа и комфорна средина со подобрена пространина, ниски нивоа на бучава и фини материјали. Mazda воведува нови HMI интерфејси, проширена поврзаност и ажурирани модули за возачка помош, насочени кон повисоко ниво на безбедност и практичност во возењето.

Mazda CX-5

Поголемиот екран нуди лесен пристап до Google Maps и Google Play Store, а тоа е најголемиот екран некогаш инсталиран во Mazda. Според Mazda Europe, почетните верзии на возилото ќе доаѓаат со малку помал 12,9-инчен екран на допир, додека зад управувачот се наоѓа 10,25-инчен дигитален инструмент кластер. Од компанијата исто така истакнаа дека моделот доаѓа со подобрени седишта и опционален панорамски покрив.

Напредни технологии и хибриден погон

Под хаубата, новата генерација ќе користи 2.5-литарски бензински мотор e-SKYACTIV G, комбиниран со 24V благ-хибриден систем што ќе помогне при континуирана потрошувачка и флуидно забрзување. Располага со 141 КС и 238 Nm вртежен момент кои ги придвижуваат предните, или опционално сите четири тркала.

Mazda најави дека наскоро ќе воведе и нови хибридни технологии, како SKYACTIV-Z, планирани за 2027 година.

Mazda најави дека новата генерација на CX‑5 ќе започне со продажба во Европа на крајот на 2025 година. Оваа генерација, како што велат од компанијата, ветува врвно возачко искуство, комбинирано со урбан стил и практичност што привлекува широка публика.

Поврзани вести

Back to top button