fbpx

Новата S- Класа добива огромен екран на централната табла

Најновата трка кај автомобилите веќе не е за коњски сили и перформанси, туку за големината на дисплеите кои се инсталираат во кабината на секој нов модел

Почетокот на модата ја почна Tesla, кога „таблетите“ ги постави вертикално, а веднаш потоа почнаа да се појавуваат и кај други масовни модели. Сега доаѓа на ред новата S- Класа на Mercedes. Новата лимузина се очекува за 2020 година, а сликата на ентериерот за време на тестовите покажува огромен таблет инсталиран на централната конзола.

S- Класа

Со оглед на тоа како се покриени останатите елементи од ентериерот, како и прицврстувањето на таблетот, најверојатно импресивниот екран осетлив на допир не е дел од тестната опрема. Дизајнерите овозможуваат контрола на многу од функциите на автомобилот преку екран осетлив на допир на централната конзола – важен дел од инфозабавниот систем, а клиентите пак се надеваат дека нема да има збунувачки и нејасни менија на одделните функции и програми.

Тешко е да се проценат димензиите на таблетот во ентериерот на новата S-Класа, но најверојатно тој е поголем од iPad Pro 12,9 – најголемиот сериски таблет во светот. Новата S- Класа на Mercedes ќе се појави следната година и ќе ги исполнува барањата за ниво 3 на автономно движење, а хибридните верзии на лимузината ќе имаат автономија до 100 километри на електрицитет.

S- Класа

Поврзани вести

Back to top button