Новата S Класа пристигна во Македонија

Најлуксузниот „знаменосец“ на германскиот производител Mercedes-Benz, новата S Класа, пристигна во продажниот салон во Скопје

Новата S Класа пристигна во салонот на Мак Ауто Стар. Со тоа најлуксузниот „знаменосец“ во поставата на Mercedes-Benz сега е достапна и за купувачите во нашата држава. Редакцијата на Авто Плус имаше можност одблиску да се запознае со новата луксузна лимузина на германскиот премиум производител. Она што успеавме да го забележиме во продажниот салон, ви го пренесуваме преку објективот на нашата камера.

Конкретниот модел кој е изложен во продажниот салон е S 350D 4Matic L со AMG Exterior пакет. Моделот се карактеризира со дигитални предни проектирачки светла, сокриени рачки на вратите, амбиентално осветлување, 3D екран од инструменталниот дигитален кластер и ред други работи. Цената на овој модел изнесува 133.900 евра.

Новата Mercedes S Класа дебитираше пред околу два месеци, а кратко потоа пристигнува и во нашата земја. Луксузната лимузина на Mercedes го достигнува врвот кога станува збор за удобноста и технологијата, а новата генерација со себе носи и еден „прочистен“ изглед кој е одлика на најновата дизајнерска филозофија на компанијата. По подолго време, Mercedes S Класа добива и хоризонтални задни светла.

S Класа

Екстериерот се одликува и со подолгата хауба, а благодарение на дизајнот, новата S Класа е еден од најаеродинамичните автомобили во светот. Новата генерација на луксузниот „знаменосец“ е 3,3 сантиметри подолга од претходникот, поширока за 5, а за еден сантиметар е повисока. Исто така и меѓуоскиното растојание е зголемено за 5 сантиметри. Благодарение на ова, просторот во внатрешноста е поголем, а една од главните карактеристики е и новото амбиентално осветлување.

Екстериерот се одликува и со пет дигитални екрани, од кои главниот е со димензии од 12,8 инчи. Најновиот MBUX инфозабавен систем се одликува со проширена реалност и испраќа далеку почиста слика до head-up екранот. Возачот пред себе ќе го најде и новиот 3D екран од дигиталниот инстурмент кластер.

S Класа

Mercedes S Класа се одликува и со својата безбедност, па така во новата генерација пристигнуваат и еден куп безбедносни и системи за асистенција на возачот. Пред се терба да се истакне Energizing Coach системот за намалување на нивото на стрес кај возачот. Во согласност со ерата на дигитализација, новата S Класа има дури 27 механички копчиња помалку во однос на претходникот. Истите се заменети со гласовни или команди на допир.

Конкретниот модел кој го забележавме, S350d, се напојува со 2,9-литарскиот шестцилиндерски мотор кој испорачува 286 КС и 600 Nm и е со 4Matic систем за погон на сите четири тркала кои се придвижуваат благодарение на деветстепениот автоматски менувач.

Во нашата земја во понудата се достапни и моделот S35d, S400d 4Matic L, S450 L, S450 4M L и S500 4M L. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Мак Ауто Стар или официјалниот сајт на Mercedes во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button