fbpx

Новата Škoda Scala со 5 ѕвездички на Euro NCAP

Во категоријата за заштита на возрасните патници, Škoda Scala доби дури 97 поени, со што се вбројува меѓу најбезбедните возила во својот сегмент

Како и сите нови модели наменети за европскиот пазар, така и новата Škoda Scala беше дел од сеопфатните тестирања од страна на независната европска програма за проценка на нови автомобили (Euro NCAP). Со рејтинг од пет ѕвездички, Scala се пласираше меѓу најбезбедните возила во својот сегмент, со највисоки оценки за заштита на возрасни патници и велосипедисти.

Покрај вкупниот рејтинг со пет ѕвездички, чешкиот хечбек постигна особено висок резултат во Euro NCAP тестот за проценка на безбедноста на патниците и безбедноста на велосипедистите. Во категоријата за заштита на возрасните патници, модерниот компактен модел добил дури 97 проценти, што претставува една од највисоките оценки во историјата на Euro NCAP тестирањата.

Што се однесува до заштитата на велосипедистите, благодарение на Front Assist со функцијата за предвидување на пешаците и велосипедистите и функцијата за итно сопирање во град, новата Škoda Scala доби шест поени. Како дел од стандардната опрема е и Lane Assist функцијата, додека пак Side Assist, која ги предупредува возачите на возила што се приближуваат одзади или на слепа точка на автомобилот, е опционална карактеристика што резултира со резултат од 3,5 од максимум 4 поени за овој аспект.

Новата Škoda Scala може да се пофали со својата конструкција, па така екстремно тврдото тело со своите големи зони на деформација и исклучително робусна ќелија за патници обезбедува супериорна пасивна безбедност, апсорбирајќи речиси 70 проценти од ударот на ултра-цврстите специјално зајакнети челници.

Компактниот модел, покрај ова доаѓа и со девет воздушни перничиња, вклучувајќи опционално воздушно перниче за колена, како и опционални странични воздушни перничиња во задниот дел. На листата на дополнителните безбедносни карактеристики, се наоѓаат и опционалниот систем за заштита – Crew Protect, како и ISOFIX и top-tether приклучоците на клупата на задното седиште и на совозачкото седиште за заштита на најмладите патници.

Поврзани вести

Back to top button