fbpx

Новата Sonata пристигна во салонот на Hyundai

Новата Hyundai Sonata пристигна на македонскиот пазар и може да се погледне во продажниот салон на Ми-Да Моторс Македонија

Новата генерација на еден од најпродаваните седани на корејскиот производител Hyundai, моделот Sonata, сега е присутна и на македонскиот пазар

Со својот спортски купе стил Sonata го следи трендот кој е се позастапен во автомобилската индустрија, а станува збор за првиот продукциски модел кој е создаден врз новата дизајнерска филозофија на корејскиот бренд Sensuous Sportiness. На предниот дел се истакнува големата решетка со параметричка шема, а тука се и Hidden Lighting Lamps светлата од HDC-2 концептот, кои исто така за првпат се претставени во една продукциска верзија токму кај Sonata.

Од Hyundai направија напори да и дадат на Sonata едно попремиум чувство и атрактивен дизајн, а тоа се однесува и на ентериерот, каде кабината дава едно мошне пријатно и луксузно чувство. Пред возачот се наоѓа целосно дигитален инструмент кластер, додека инфозабавниот екран се одликува со капацитивни копчиња на допир.

Hyundai Sonata

Конкретниот модел кој имавме можност да го забележиме во продажниот салон под хаубата го има препознатливиот 2.5 MPi мотор со 180 КС кој пристигнува ексклузивно со шестстепениот автоматски менувач. Зависно од желбата на купувачот, моделот може да се добие со 16, 17 или 18-инчни тркала, а максималната брзина изнесува 210 километри на час, додека забрзувањето од нула до „стотка“ се достигнува за 9,2 секунди.

Hyundai Sonata

Hyundai Sonata на македонскиот пазар ќе се продава во пет нивоа на опременост и тоа Comfort, Style, Premium, Impression и Ultimate, а сите модели се опремени со истиот мотор и истата моќност, исклучиво со автоматски менувач. Почетната цена на моделот во Македонија е 29.900 и достигнува до 40.900 евра.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Hyundai во рамките на комплексот на Ми-Да Моторс Македонија.

Поврзани вести

Back to top button