fbpx

Нови фотки од претстојниот Golf 8

Германскиот производител овој пат реши да го пропушти саемот во Женева, со што ја одложи премиерата на новата генерација на својот популарен компактен модел

Пред само неколку месеци протекоа и првите слики од немаскиранот Golf 8, од кои можеше да се види новиот дизајн на предниот и задниот дел на компактниот модел. Овој пат, се појавија нови фотографии, кои го покажуваат речиси целосниот конечен дизајн на новиот Volkswagen.

Од она што може да го видиме, на прототипниот модел се забележуваат мали прикривања по краевите на предните и задните фарови. Сепак, производната верзија се очекува да користи слични светлосни единици на двата краја, со што не се очекуваат големи изненадувања на премиерата во овој поглед.

Golf 8

Најновиот стилски јазик на брендот одлично се вклопува во новата осма генерација на компактниот модел, кој му дава помодерен и посовремен изглед. Секој каросериски панел на Golf 8 е комплетно нов, а дизајнот во предниот дел му дава изглед сличен на Arteon. Сепак, задниот дел допринесува за уникатност на овој модел, со што сличноста со помалиот Polo не е воопшто присутна.

Како интересна измена кај овој автомобил, претставува и поставеноста на страничните ретровизори, чија класична положба на прозорецот е сега заменета со поставеност на самата врата.

Новиот Golf 8 ќе се базира на надградена верзија на платформата на која е основан сегашниот модел и го носи името MQB Evo. Како резултат на ова, автомобилот ќе тежи до 45 килограми помалку, а ќе има поголемо меѓуоскино расторание кое ќе се резултира со попространа внатрешност.

Производството се очекува да започне во јуни, додека пак неговата премиера најверојатно ќе се одржи на саемот за автомобили во Франкфурт во септември.

Поврзани вести

Back to top button