fbpx

Нови четири станици за полнење електромобили од ЕВН во Скопје

Промоција на поставените станици за полнење на електромобили (вкупно четири), како резултат на соработката помеѓу компанијата ЕВН и Градот Скопје

Промовиран еден од четирите нови полначи на паркингот на Зоолошката градина каде беа присутни Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, кои не го криеја задоволството од плодовите на заедничката соработка која несомнено е вистинска визија за иднината на македонската метропола. Бројот на овие станици за полнење на електромобили ќе се зголемува со зголемување на бројот на ЕВ.

– Сообраќајот е еден од изворите на загадување и поради тоа унапредувањето на овој сегмент е исклучително важно за граѓаните. Поддршката од ЕВН Македонија е од големо значење за Градот, бидејќи испраќа една јасна порака дека за поздрав и почист град одговорни сме сите и се кој од нас треба да даде свој придонес. Целта е набргу и јавниот превоз да користи електрична енергија. Во буџетот за 2018 година планирано е субвенционирање од 100 милиони денари на ЈСП за набавка на зглобни електрични еко-автобуси. Се надеваме дека на скопските улици ќе можеме да видиме и електрични такси-возила и други видови превозни средства кои се на електричен погон. Ќе работиме и со Владата на нови законски решенија кои ќе поттикнат и овозможат поширока употреба на електричните возила, рече Шилегов.

станици за полнење
– Користењето електрична енергија за оваа намена, секако дека позитивно влијае на околината. Нормално е луѓето да се двоумат меѓу помислата дали да се купи електрично возило пред да бидат поставени полначи или да се купи електрично возило по нивното поставување. Токму затоа ЕВН сакаше да им олесни на граѓаните преку поставување овие полначи, а кога ќе процениме дека тие не се доволни за потребите на растечкиот број корисници на овој вид возила, ќе се потрудиме да инсталираме дополнителни, истакна Петер.

Полначите за електричните возила се инсталирани на разни места во Скопје каде што има голема фреквенција на луѓе. Сопствениците на електричните возила имаат можност во 2018 година бесплатно да ги полнат своите возила на неколку локации низ Скопје: кај плоштадот Македонија, Зоолошката градина, Рамстор во Центар и Капитол мол. Инаку, според статистиката на двата субјекти во Македонија во моментов се сообраќаат околу 80 електромобили, од кои 47 во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button