Новиот Audi S6 подготвен
Бизнис седанот Audi A6 веќе блесна со својата нова генерацијата во салоните на марката, но вистинските фанови на брендот со нетрпение ја очекуваат неговата набилдана верзија обележана традиционално со индексот S6
Овој автомобил е подготвен и е откриен за време на последните тестови на автомобилот. Меѓу забележливите екстериерни разлики се агресивните браници, спуштенот клиренс, поголемите тркала, како и квартетот издувни цевки. Фановите ќе мора да почекаат додека Audi S6 официјално не се претстави, уште најмалку половина година.
Премиерата ќе биде на крајот од оваа година, но продажбата ќе започне во почетокот на 2019.
Надвор, можеби разликите не се големи, но главната карактеристика на новиот S6 лежи под хаубата. Една од верзиите, која најверојатно ќе ги разочара хардкор фановите гласи дека S6 ќе го смени V8 со 2.9-литарски V6 TFSI мотор. Оваа единица ќе биде позајмена од „помладиот брат” S4 и ќе има излез од повеќе од 450 коњски сили. Со тоа машинате ќе забрзува до 100 km/h за 4,5 секунди.
Сепак, според други гласини, намалувањето нема да влијае на новиот S6, а автомобилот ќе остане со осум цилиндри. Според тоа, оваа верзија ќе се опремува со дефорсиран од 550 на 500 коњи битурбо V8, кој ќе биде земен од Porsche Panamera Turbo. По S6 се очекува и уште помоќна варијанта – RS6 кој по се изгледа дека ќе е хибрид, а моќноста на погонски тракт ќе е 680 „коњи“.