fbpx

Ексклузивно новиот BMW 8 без камуфлажа, внатре и надвор!

Лансирањето на BMW 8 е една од најпомпезните најавувани премиери за годинава, а фановите и медиумите се во очекување на официјална најава за датумот на дебито

Но, пред тоа да се случи, веќе можеме да го видиме автомобилот во целиот негов сјај благодарение на шпионски фотографии. Тие покажуваат бел примерок без каква и да е камуфлажа, снимен во некоја од фабриките на брендот. Добрата вест е дека BMW конечно посмело пристапи кон дизајнот на еден од нејзините модели. Однадвор откриваме исклучително хармонични и агресивни линии во предниот дел, а задниот дел е малку продолжен, но сепак доста атрактивен.

BMW 8

Во ентериерот впечаток остава централната конзола, која конечно не е стилизирана целосно во познатиот брендовски стил, а бројни промени се гледаат во формата на отворите за климата, панелот за контрола на климатизацијата и дури екранот за инфозабавниот систем, кој е вграден во таблата, а не оди над неа. Постои целосно дигитална табла пред возачот.

BMW 8

Се очекува BMW да започне сериското производство на купе 8-Series во втората половина на 2018 година. Како што беше претходно оваа година најавено, склопувањето на ексклузивниот автомобил ќе се организира во Динголфинг (Германија). Според податоците на Carscoops, за прв пат автомобилот ќе биде прикажан на автосалонот Женева 2018 во март.

BMW 8

Поврзани вести

Back to top button