fbpx

Новиот Chevrolet Silverado пристигна со хеликоптер

Chevrolet направи спектакуларна презентација на новата генерација на својот пикап, камионетот Silverado

На фештата во Тексас, клиентите беа поканети да пристигнат со своите автомобили.

За гостите беа организирани разни забави, а кулминацијата на шоуто дојде со појавата на новиот Silverado. Пикапот беше испорачан од воздух на специјална хеликоптерска платформа на земјата. Компанијата не открива технички детали за машината, бидејќи тоа ќе биде сторено на салонот во Детроит, во јануари.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=SETyZLN0UmI

Од она што може да се забележи од презентацијата е дека моделот има сосема нов преден дел, кој Chevrolet го најави како „импресивен и модерен“. Камионетот доби нови предни светла и друга решетка на ладилникот. Задниот браник е модифициран и во него се поставени правоаголни издувни цевки. Постои огромен знак на Chevrolet на покривот на багажниот простор. Вкупно 8 модификации на Silverado ќе излезат на пазарот. Во комбинација ќе бидат 4.3- литарски V6 мотор со 285 КС, како и V8 со зафатнина од 5.3 (355 КС), 6.0 (360 КС) и 6.2 (420 КС). Исто така има и 6.6- литарски V8 мотор со 445 КС. Цените на моделот започнуваат од 28.200 долари.

1 | Silverado
2 | Silverado

    Поврзани вести

    Back to top button