fbpx

Новиот Ford Focus подготвен во целост

Ford веќе најави дека ќе ја покаже новата генерација на Focus во рамките на самостоен настан во април, а не за време на салонот во Женева

Но, по се изгледа не мораме да чекаме уште два месеци за да го видиме сосема новиот ривал на Volkswagen Golf, Opel Astra, Renault Megane…

За време на снимање на рекламен клип, новиот Focus бил „уловен“ од папараците без камуфлажа на каросеријата. Сликите се направени во Португалија, а на една од нив јасно се гледа незадоволството од истекување информации на член од тимот на Синиот овал. Тешко е да се идентификуваат специфичните верзија на моделот, но најверојатно тука станува збор или за ST-Line, или за спортскиот ST, кои ќе бидат дел од палетата на новата генерација Focus.

Прво на виделина во април ќе се појави класичниот хечбек, а до крајот на годината ќе ја видиме и доста популарната караванска верзија . Исто во 2018 година деби ќе направи луксузната верзија Vignale, како и спортски ориентирани ST Line. За 2019 година е предвидена појавата на кросоверот Focus Active, како и на спортскиот ST. Се разбира, порано или подоцна, ќе видиме и нова генерација Focus RS, но тоа нема да се случи во следните две години.

Focus

Меѓу најважните моменти во дизајнот на новиот Focus спаѓаат индикациските фарови, новата форма на стоп-светлата и модифицираната решетка. Според прелиминарните информации од Ford, новиот Focus ќе биде поголем на димензии во однос на својот претходник – се очекува меѓуоскиното растојание да порасне за 50 mm, а тежината на автомобилот да биде намалена најмалку за 50 kg.

Моторската гама ќе има 1.0-литарски бензински агрегат со различна моќност од 100 до 140 коњски сили. Во палетата ќе влезат уште два бензински турбо мотори со зафатнина од 1.5 и 2.0 литри, а последниот ќе се користи за спортската верзија ST. Сé уште нема сигурни информации за дизел моторите кои ќе ги видиме во новиот Focus.

Поврзани вести

Back to top button