fbpx

Новиот Jaguar J-Pace ќе биде директен ривал на Tesla Model X

Jaguar има за цел да стане целосно електричен бренд, а нивното решение за SUV знаменосец ќе биде моделот наречен J-Pace

Новиот електричен кросовер на Jaguar ќе го понесе името J-Pace, а ќе биде изграден околу истата архитектура како и новиот XJ. Производството ќе започне во Касл Бромич фабриката на Jaguar, како дел од инвестицијата на Jaguar Land Rover од 1 милијарда фунти за развој на електрични возила. Од оваа фабрика ќе излегуваат сите целосно електрични модели на британскиот производител.

Од Jaguar најавуваат дека J-Pace ќе биде конкурент на Tesla Model X, а за такво нешто новиот електричен кросовер ќе мора да понуди максимум опсег на движење од 482 километри според WLTP циклусот. Исто така ќе пристигне со погон на сите четири тркала, како и платформа која ќе може да издржи батерии до 100 kWh, иако и помали опции ќе бидат достапни.

Според AutoExpress, J-Pace ќе добие одредени стилски елементи од I-Pace, но профилот ќе биде ист како оној на F-Pace, со што ќе се задржи еден потрадиционален изглед. Во меѓувреме, меѓу клучните карактеристики ќе бидат затворената решетка и тенките LED предни светла, што е типично за Jaguar.

И додека J-Pace се очекува да биде новата „перјаница“ на Jaguar, дизајнерскиот шеф на компанијата, Џулијан Томпсон, исто така е заинтересиран за производство и на помали автомобили: „Би сакам да правиме помали Jaguar модели. Мислам дека рефлектирањето на она што се случува ширум светот, би сакал да правам автомобили кои се помали, поефикасни и ќе ги имаат сите наследни вредности на еден Jaguar, односно ќе бидат убави уште на прв поглед, со фантастичен ентериер и одлични за возење“.

 

Поврзани вести

Back to top button