fbpx

Новиот Kia CEED во Black Pack едиција со 1.0 T-GDi мотор

Гамата на Kia Motors Macedonia е збогатена со уште една верзија на новиот Kia CEED

Black Pack едицијата на Kia CEED која од денес е достапна во салоните на Kia Motors Macedonia е комбинирана со најновиот 1.0 T-GDi турбо мотор со моќност од 120 коњски сили. Овој уникатен модел е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед.

Покрај стандардната опрема ова ниво вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16“ тркала од лесна легура Anyang со црна завршница и пневматици со димензии 205/55. Оваа опрема во комбинација со турбо мотор го прави овој автомобил забавен и посакуван од сите генарации.

Моделот е достапен во продажните салони на Kia Motors Macedonia и можете да закажете тест возење во секое време.

Поврзани вести

Back to top button