ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Новиот Land Rover Defender со 1.2 милиони километри тест

Само неколку месеци пред светската премиера на целосно новата генерација на Defender, Land Rover објави дека со прототипи на моделот се поминати 1.2 милиони тест километри

Автомобилот бил проверен во секакви услови, почнувајќи од екстремните оптоварувања кои ги нуди легендарната патеката Нирбургринг, до карпестите патишта во Јута, САД, и пустините на Дубаи.

„Во прилог на долготрајните и детални симулации и тестови, новиот Defender измина 1.2 милиони километри по секакви терени, во екстремни климатски услови, за да се осигура дека тој е најдобриот Land Rover создаден некогаш“, вели Ник Роџерс, извршен директор на единицата за производство.

Defender

Развиен во Велика Британија, новиот Land Rover Defender ќе биде претставен во текот на оваа година, а неговото производство ќе се врши во новиот комплекс на брендот во Словачка.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close