Новиот Mercedes-Benz GLB пристигна во Македонија
Новата генерација на Mercedes GLB официјално пристигна на македонскиот пазар и веќе е изложен во продажниот салон на Мак Аутостар

Новата генерација на Mercedes-Benz GLB официјално пристигна на македонскиот пазар, носејќи значајни промени во дизајнот, технологијата и погонските опции. Германскиот производител го позиционира моделот како еден од клучните компактни SUV возила во својата понуда, со силен акцент на електрификација, дигитални услуги и напредни системи базирани на вештачка интелигенција.
Нов дизајн со препознатлив Mercedes идентитет
Новиот GLB задржува препознатлива SUV форма со фокус на простор и практичност, но добива значително поизразен и посамоуверен дизајн. Предниот дел е доминиран од голема маска, која е дел од новиот дизајнерски јазик на Mercedes-Benz, додека фаровите со интегрирани ѕвездести дневни светла јасно ја истакнуваат брендската препознатливост.

Профилот останува класично „кубичен“, што овозможува одлична искористеност на внатрешниот простор, а моделот и понатаму се нуди со пет или седум седишта, што го прави еден од најпрактичните SUV модели во сегментот.
Најголемо внимание привлекува задниот дел, каде Mercedes-Benz користи светлосен потпис инспириран од EQXX концептот. Тенката LED светлосна линија и вертикално поставените светлосни групи создаваат модерен и препознатлив изглед, додека интегрираните ѕвезди дополнително ја нагласуваат премиум естетиката.

Кабина со суперширок дисплеј и вештачка интелигенција
Внатрешноста на новиот GLB целосно е ориентирана кон дигитализација. Во зависност од конфигурацијата, може да се добие огромниот Superscreen систем, кој комбинира 10,25-инчен дисплеј за возачот, 14-инчен централен екран и дополнителен 14-инчен екран за совозачот.
Системот работи на најновата, четврта генерација на MBUX инфозабавен систем, кој интегрира напредни AI решенија од Google и Microsoft. Дополнително, виртуелниот асистент базиран на ChatGPT-4o и Unity графичкиот мотор носат сосема ново ниво на интеракција помеѓу возачот и возилото.

Електрификација и хибридни погонски опции
GLB првично беше претставен како целосно електричен модел, но понудата подоцна е проширена и со хибридни верзии, што ја зголемува флексибилноста за различни пазари и потреби на купувачите.
Хибридната гама вклучува GLB 180, GLB 200 и GLB 220, со моќност од 156, 184 и 211 коњски сили. Основниот модел доаѓа со погон на предните тркала, додека посилните изведби можат да се нарачаат и со 4Matic погон на сите четири тркала.

Со новиот GLB, Mercedes-Benz јасно ја продолжува својата стратегија на електрификација и дигитална трансформација, комбинирајќи практичност, напредна технологија и смел дизајн. Моделот пристигнува како еден од најтехнолошки напредните компактни SUV возила во својата класа, насочен кон купувачи кои бараат простор, иновации и премиум искуство во едно возило.
За повеќе информации посетете го продажниот салон на Mercedes во рамките на комплексот Мак Аутостар во Скопје.













