НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Новиот Mercedes C-Класа 2020 уловен за прв пат

Овој модел ќе се базира на истата платформа како и E-Класа, а исто така ќе биде подновен и со многу нови технологии

Германскиот производител пред не многу долго го започна процесот на редизајнирање на новата генерација на C-Класа, а првите прототипни верзии се веќе тестирани. Ова е првиот прототип на новата Mercedes C-Класа кој бил забележан за прв пат на јавните улици во маскирано издание, со што е обложен по целата надворешност со цел да се скрие неговиот дизајн.

Она што може да се забележи е дека кај оваа нова генерација на C-Класа нема некоја голема промена во севкупната надворешна форма. Едни од елементите кои претрпеле значителна промена се ретровизорите кои имаат нов свеж дизајн.

Новата генерација на C-Класа се очекува да се базира на модифицираната верзија на MRA2 платформата со погон на задната оска од E-Класа. Меѓуоскиното растојание треба да остане исто, но најверојатно да понуди малку повеќе простор во внатрешниот дел.

Значителни заштеди на тежината ќе бидат постигнати преку зголемената употреба на алуминиум наместо челик во новиот модел. Ова е овозможено благодарение на напредните поврзувачки технологии, вклучувајќи заварување на алуминиум со челик.

Mercedes C-Класа

Добрата вест е дека новата Mercedes C-Класа сепак ќе ги задржи дизел агрегатите, па така ќе има широк спектар на бензински и дизел погони, меѓу кои и покрај четири цилиндарските турбо, ќе се најдат и новите шест цилиндарски мотори.

Тука исто така е вклучена и хибридната верзија која ќе има многу подобар опсег од претходната. Што се однесува до целосно електричниот погон, сеуште не е најавена ваквата верзија, но според извештаите на Mercedes, ваквата опција постои. Технологијата кај овој модел ќе игра голема улога, па така се очекува возачката кабина да добие целосно дигитално преуредување со многу нови разни приклучоци.

Исто така новата генерација ќе добие и нов интерфејс, сличен на оној кој моментално го користи Audi вонивниот А8. Тековната генерација неодамна доби мало освежување, па така премиерата на овој модел не се очекува во блиска иднина. Како една од претпоставките е дека новата C-Класа би можела да дебитира во 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close