Новиот Superb пристигна во салонот на Škoda
На македонскиот пазар пристигна целосно новиот Superb. Знаменосецот во поставата на Škoda влегува во новата генерација со уште поголеми димензии, паметно развиен изглед и широк спектар на нови технологии, како и со избор од три модерни погонски варијанти и подобрена аеродинамика.
Линијата на погонски варијанти започнува со бензинскиот 1.5 TSI со блага хибридна технологија и моќност од 150 КС, додека дизел моторите се достапни во две варијанти, со моќност од 150 КС и преден погон, како и со погон на сите тркала и моќност од 193 КС.
Новиот Superb доаѓа со препознатлива решетка и остри LED Matrix светла кои го вклучуваат новиот дизајнерски елемент Crystallinium. Задните LED светла со анимирани индикатори имаат функција Coming/Leaving Home и се стандардна опрема за Selection нивото на опрема. Други визуелни моменти се надворешните детали во Unique Dark Chrome, како логото на хаубата и буквите на задната врата. Елегантната каросерија нуди коефициент на отпор од cd 0,23, што е меѓу најдобрите остварувања во сегментот. Во споредба со претходникот, коефициентот на отпор е намален за 15 проценти.
Нова внатрешност
Внатрешноста на Superb добива инфозабавен дисплеј со димензии до 13 инчи и чиста централна конзола, бидејќи рачката на менувачот се префрли на воланот. Како опција за прв пат е достапен head-up дисплеј и Smart Dials на Škoda со кои контролирање на бројни функции на возилото е многу поедноставено. Новитет се и Ergo седишта со десет пневматски контролирани перничиња за масажа на грбот.
Новите дизајн пакети нудат можност за опремување на салонот на возилото со врвни материјали од црна или кафена кожа или сива алкантара. Со капацитет на багажниот простор од 645 литри, големината на багажникот на е зголемена за 20 литри во однос на претходникот.
Најновата генерација на динамичка контрола на шасијата (DCC Plus) е достапна кај Superb за прв пат и ги комбинира удобноста и динамиката на возењето.
Четвртата генерација на Superb треба да се надоврзе на успехот на своите претходници. Škoda ја понуди првата генерација на Superb во 2001 година и до сега повеќе од 1.600.000 Superb модели се испорачани на клиентите.
За повеќе информации посетете го салонот на Škoda или официјалниот веб-сајт.