fbpx

Новиот T-Cross со пет ѕвезди на Euro NCAP

Најновиот член на Volkswagen, Т-Cross постигна највисоки резултати во сегментот на мали возила на Euro NCAP

Целосниот опсег на безбедноста технологија која ја поседува T-Cross сега веќе доаѓа во стандардното ниво на опременост. Системите кои придонесуваат за безбедноста на возачот и другите учесници во сообраќајот а се вклучени во овој модел се Front Assist системот, мониторинг на пешаци, систем за итно сопирање, проактивен систем за заштита на патниците и многу други.

Резултатите кои ги постигна овој автомобил на веќе познатите тестови на Euro NCAP а и го закитија со 5 ѕвезди, се 97 проценти во категоријата за заштита на возрасни и 86 проценти во категоријата заштита на деца.

Volkswagen T-Cross, најверојатно, ќе биде претставен во Индија, некаде во првата половина на 2020 година. Возилото ќе биде достапно со бензински и дизел мотори и се очекува да е конкурент на Jeep Compass, Renault Captur, Hyundai Tucson.

Поврзани вести

Back to top button