Frankfurt Motor Show 2019: Ново поглавје за Volkswagen со ID.3
Пред многу години VW успеа да направи револуцина во авто индустријата со својата „Буба“
Многу години подоцна се обидува да го повтори тој успех со најновиот предлог именуван ID.3 – првиот електричен автомобил со масивно просизводство кој има за цел да ја започне новата еколошка ера на компанијата.
Директно од саемот во Франкфурт каде сме присутни на VW Group Night ви ги презентираме можностите и верзиите на овој нов автомобил. По својот габарит изгледа како нормален хечбек. Поставен е на MEB модуларната платформа и има футуристички дизајн, како од надвор така и од внатре.
Со оглед на тоа што нема потреба од голема предница, таа е скратена, тркалата се поставени на самите краеви, а со тоа е оставен голем простор во интериерот. Покрај големината во просторот за патниците може да се забележат и нови форми кои се новитет за брендот.
На самиот старт од производството на моделот, клиентите ќе имаат можност да бираат помеѓу три варијанти на моќност. Основниот модел ќе биде со 45 kWh батерија и ќе има можност автономно да помине 205 километри, втората посилна опција ќе биде опремена со 58 kWh батерија која ќе му даде можност на возилото да помине 330 километри, а топ верзијата Pro S е со автономија од 550 километри.
Ова е постигнато со 77 kWh батерија која дополнително има можност за биде наполнета за 30 минути и со таа моќ да поминете дури 260 километри.
Покрај тоа, од компанијата ветуваат одлично забрзување. Тоа го постигнале на начин што имаат вметнато мотор на задната оска на автомобилот и вкупна моќност од 204 коњски сили и 310 Nm. На самата промоција не го истакнаа ова во бројки, но потенцираа дека максималната брзина ќе биде ограничена на 160 km/h.
Овој модел и во својата најслаба верзија ќе биде богато опремен. Тоа го докажуваат сателитската навигација, предните седишта и воланот кои се со греачи, 18 инчните алуминиумски тркала и уште многу повеќе. Со доплата за второто ниво, се добиваат 19 инчни тркала, камера за возење наназад, тонирани стакла и матрикс LED светла. Додека оние најприбирливите ќе имаат можност за 20 инчни тркала, Beats озвучување, панорамски кров и head-up дисплеј.
Уште пред да го претстават моделот, VW примил повеќе од 30.000 нарачки за него. Ова го достигнале на начин што од компанијата ветуваат дека моделот ќе го позиционираат со цена под 30.000 евра (се мисли во Германија), каде цената за најевтиниот електричен модел е околу 33.000 евра.