Објавени финалистите за Светски автомобил на годината
Организаторите на Светски автомобил на годината (World Car of the Year) ги објавија десетте финалисти за 2022 година
Четири електрични автомобили се најдоа меѓу кандидатите кои ќе конкурираат за Светски автомобил на годината за 2022 година. Audi Q4 e-Tron, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6 ќе се борат за ласкавата титула, но воопшто нема да имаат лесна задача бидејќи како свои противници ќе ги имаат Cupra Formentor, Gensis G70, Toyota GR86/Subaru BRZ, Honda Civic, Hyundai Tucson и Lexus NX.
Кога станува збор за електричните автомобили, тие добија и своја посебна категорија оваа година. Интересно е што четирите финалисти кои се во главната категорија нема се натпреваруваат и во оваа. Како резултат на ова, само Ford Mustang Mach-E и Hyundai Ioniq 5 ќе се борат со Audi e-Tron GT, BMW iX и Mercedes EQS за титулата Светски електричен автомобил на годината (World Electric Car of the Year).
Од друга страна, кај луксузните модели, битка ќе бијат Audi Q5 Sportback, BMW iX, Genesis GV70, Mercedes EQS и Volvo C40 Recharge ќе се борат за Светски луксузен автомобил на годината (World Luxury Car). Исто така, Audi e-Tron GT, BMW M3/M4, Porsche 911 GT3, Toyota GR86/Subaru BRZ и Volkswagen GTI/R ќе се борат за Светски перформансен автомобил за 2022 година.
Не треба да се заборави ниту категоријата за Светски урбан автомобил на годината каде за титулата ќе се натпреваруваат Dacia Sandero, Opel Mokka, Renault Kiger, Toyota Yaris Cross и Volkswagen Taigun.
Сите овие модели исто така беа во конкуренција да ја освојат и титулата за World Car Design of the Year за 2022 година. Сепак, панелот составен од шест светски дизајнерски експерти креираа кратка листа на која се најдоа Audi e-Tron GT, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6 и Mercedes EQS.
Трите финалисти ќе бидат објавени на 15 март, а победниците ќе бидат прогласени на Салонот во Њујорк на 13 април.