fbpx

Обновениот Škoda Superb дебитира во мај

Škoda ја објави првата официјална скица на обновената верзија на предводникот Superb, кој ќе биде претставен за прв пат во мај за време на IIHF Ice Hockey World Championship во Братислава

За сега, од Škoda не споделија повеќе детали за обновената верзија на Superb но, коментираат само дека предниот дел на возилото е со нов дизајн, а во задниот дел класичното лого на брендот е заменето со буквите од името на моделот.

Од компанијата ветуваат исто така дека предводникот ќе им ги понуди на корисниците најновите решенија во однос на технологијата и функционалноста, како и типично за возилото, исклучителен внатрешен простор и бројни решенија од повисоките сегменти.

Иако е главен спонзор на IIHF Ice Hockey World Championship во последните 27 години, Škoda за прв пат ќе ги користи можностите на партнерството за претставувањето на нов автомобил.

Поврзани вести

Back to top button