fbpx

Одбележан „Денот на Peugeot 404“

На 4-ти април 2019, по втор пат се одржа дефиле за одбележување на „Денот на Peugeot 404“

Еуроимпекс како генерален увозник на Peugeot го подржа настанот „Денот на Peugeot 404“, кој се одржа во чест на легендарниот модел на брендот а во организација на „Македонскиот клуб Пежо 404“.

Дефилето започна пред седиштето на Еуроимпекс, а како крајна цел беше Француската Амбасада во Скопје каде се одржа приемот на медиумите и официјално обраќање од страна на Францускиот Амбасадор Г-динот Кристијан Тимоние, Министерот за внатрешни работи Г-динот Оливер Спасовски и г-динот Деан Шкартов организатор на настанот.

Еуроимпекс како генерален увзоник на брендот имаше и свој учесник на овој настан кое беше дел од возното дефиле.

„Овие автомобили се историјата на Франција и важат за едни од најиздржливите во светот. Би сакал да истакнам дека бројот на туристи во Северна Македонија се зголемува во летните месеци. Тие доаѓаат главно од земјите членки на ЕУ и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност“ изјави амбасадорот Тимоние.

Првото возило Peugeot 404 е произведено во 1960-тата година. Во Франција се произведени 1.85 милиони примероци, додека во светот се произведени приближно 2.9 примероци.

Македонскиот клуб Пежо 404, како организатор на настанот е составен од неколку сопственици на ова ретко и скапоцено возило, кое сведочи и за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото. За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба редовно добиваат признанија од дома и од странство.

Поврзани вести

Back to top button