НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Официјални фотки за Suzuki Jimny

Suzuki конечно објави и официјални фотографии од следната генерација на неговиот шармантен мал off-roader, Jimny

Машината ќе се појави на 5-ти јули оваа година, но Јапонците веќе зборуваат се отворено за овој модел. Како и досега, новата генерација останува сериозен офроудер, за разлика од другиот хит на брендот – Vitara, кој постепено стана кросовер. Коцкастиот изглед на Suzuki Jimny ги принуди фановите на моделот да коментираат дека сега јапонскиот миленик им личи истовремено на G-Klasa на Mercedes и на претходникот на моделот Suzuki Samurai.

Внатрешноста ќе биде доста надградена и ќе вклучува централен екран сличен на таблет за управување со имиџ функции. Следуваат нови, за оваа пригода профилирани седишта, асист состави, додатоци во потпирањето…Под капакот, во зависност од пазарот, ќе видиме 0.66, 1.0- и 1.2-литарски мотори.

Suzuki Jimny

Клучни зборови

Поврзани вести

Close