Ограничувачите на брзина ќе станат задолжителни кај новите модели

Европскиот парламент изгласа нови правила во однос на задолжителноста на безбеносните системи кај новите возила, кои стапуваат на сила од 2022 година

Сите нови автомобили што се продаваат во ЕУ треба да бидат опремени со задолжителни ограничувачи на брзината до 2022 година, откако Европскиот парламент, Советот и Комисијата го одобрија вклучувањето на широк спектар на мерки за безбедност кај нови автомобили.

На оваа листа се најдоа автономните сопирачки, систем за одржување на возилото во коловозна лента, систем за детектирање на умор кај возачот, сензори или камери за рикверц, систем за внес на податоци, како и уреди за одредување на ниво на алокохол кај возачот.

Ограничувачите на брзина, односно ISA системите користат камери за препознавање на сообраќајни знаци, или GPS податоци со цел да ја утврдат максималната дозволена брзина во областа на движење. Со ова, системот автоматски ја ограничува моќноста на моторот и брзината на движење до одредена граница.

автомобили

 

Европскиот совет за безбедност во сообраќајот предлага имплементирање на копче за целосно активирање и деактивирање на системот, што би требало да помогне при јавното прифаќање на овој задолжителен систем. Иако, со значително притиснување на педалот за гас може да се деактивира ISA, сепак системот ќе се активира автоматски со секое стартување на автомобилот.

Европскиот совет исто така препорачува доколку при деактивирање на системот, возачот продолжи да вози над ограничувањето на брзината за време од неколку секунди, системот треба да вклучи прво звучно предупредување, а по неколку секунди и визуелно со кое ќе се извести возачот дека го прекорачува ограничувањето на максималната брзина. Откако автомобилот ќе се врати до или под ограничувањето на брзината, ограничувачот автоматски ќе се активира.

 

Главната цел на воведување на овие безбедносни системи како дел од задолжителната опрема кај идните модели, е намалувањето на сообраќајни несреќи, кои според Европскиот совет за безбедност во сообраќајот треба да се намалат за дури 30 проценти, со што ќе се спасат 25.000 животи во рок од 15 години.

 

Поврзани вести

Back to top button