fbpx

Двата омилени автомобили на Кен Блок

Автомобилскиот тркач и каскадер, Кен Блок и Ford Performance објавија ново видео со помош на што нè запознаваат со најновото „засилување“ во гаражата на г-дин Gymkhana.

Станува збор за уникатниот претставник на легендата Ford RS200 од 1986 година за која пилотот постојано ги изразуваше своите симпатии и ја дефинира како неговата најсакана изведба на сите времиња. Новата набавка на Блок е со број 34 од вкупно 200 произведени.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=WfEp6a2bkNk

Во новото видео, освен врз RS200, со максимална моќност од 700 коњски сили, Блок се фокусира и врз својот Ford Focus RS 2017 со 350 коњски сили, кој е првиот продаден во САД претставник на моделот, за кои каскадерот вели дека му е меѓу најомилените.

Поврзани вести

Back to top button