Онлајн продажба на уникатната едиција на Audi TT

Audi TT Quantum Gray Edition како прв автомобил на брендот кој се продава исклучиво на интернет

Заминувањето во легендите на германскиот спортски автомобил беше неодамна потврдено од претседателот на компанијата, Брам Шот. Сепак, тоа нема да се случи преку ноќ, така што фановите на Audi TT ќе имаат уште време да го обезбедат својот примерок од овој модел, пред официјално да заврши неговото производство.

Како надоврзување на ова, од Audi најавија нова специјална едиција на моделoт TT, наречена Quantum Gray едиција, која ќе му овозможи на сопственикот ексклузивност, бидејќи ќе биде достапна во само 99 примероци.

Audi TT

Како дел од ексклузивноста, процесот на купување на овој автомобил ќе биде полесен од било кога, бидејќи тој претставува првиот автомобил на Audi кој ќе се продава исклучиво онлајн, почнувајќи од 5 јуни.

Ограничената серија на Audi TT е предвидена да се продава исклучиво во Германија и во дел од другите европски земји. Овој пилот-проект за директна онлајн продажба е подржан од дилерите на Audi и им овозможува на клиентите да се распрашаат дигитално и без обврска за лизинг или финансирање пред да донесат одлука за купување на возилото.

Audi TT

Доколку одлучат да го купат, тие можат да го добијат автомобилот во времето и место по нивен избор на територија на Германија. Новиот TT Quantum Grey Edition се базира на 45 TFSI quattro S tronic. Ова значи дека е опремен со 2,0 литарскиот четирицилиндарски бензински мотор со моќност од 242 КС, поврзан со седум степен автоматскиот менувач со двојна спојка и стандарден погон на сите тркала.

Во оваа конфигурација, TT до 100 km/h достигнува за 5.2 секунди и максимална брзина од 250 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close