Opel Mokka-e со „Златен управувач“ за 2021
Auto Bild и Bild am Sonntag ги доделија наградите „Златен управувач“, а една од главните награди ја однесе Opel Mokka-e електричниот кросовер
Новата Opel Mokka-e ја освои наградата „Златен управувач за 2021“, победувајќи ја силната конкуренција и освојувајќи една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија во категоријата „Најдобар автомобил под 25.000 евра“.
Mokka-e го продолжува серискиот успех на Opel со оваа награда, откако минатата година и електричната Opel Corsa-e ја донесе наградата „Златен управувач“. По Ampera-e во 2017 година и Corsa-e во 2020 година, Mokka-e сега е третиот електричен модел, а воедно и првиот SUV од Opel што ја освоил ласкавата титула. Електричните возила со Blitz ги придобиваат експертите и читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag исто како и клиентите.
„Нашата Opel Mokka-e е сè освен не обична, и тоа уште еднаш го докажа на овогодинешниот „Златен управувач““, рече извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц на синоќешната церемонија на доделување на наградите во берлинскиот Axel Springer Haus. „Со најсовремените технологии и бескомпромисниот дизајн, Mokka-e ја прави е-мобилноста забавна на секој начин. Ние сме многу задоволни што нашите клиенти, читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag, како и стручното жири размислуваат на ист начин“.
Електрично возило кое привлекува погледи со фокус на Opel визирот
Новата Opel Mokka-e импресионира не само со смелиот и елегантен дизајн, туку и со своите перформанси. Електричниот мотор со 100 kW/136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент обезбедува моќен, речиси тивок погон. Благодарение на батеријата од 50 kWh, можeн е опсег до 338 km без прекин за полнење според WLTP. Електронски ограничената максимална брзина е 150 km/h. Најсовремениот регенеративен систем за сопирање ја прави Mokka-e уште поефикасна, дозволувајќи му на електричното возило да ја поврати енергијата при забавување или сопирање. Батеријата може брзо да се наполни и до 80 проценти за 30 минути на DC станица за полнење од 100 kW.
Opel и „Златниот управувач“: Сите победници од Rüsselsheim
Opel Mokka-e е најновиот во гордата линија на добитници на наградата „Златен управувач“ од Opel. Наградата која се доделува од 1976 година од Bild am Sonntag и од 2009 година во соработка со Auto Bild сега по 19-ти пат ја освои брендот со Blitz. Сè започна во 1978 година, две години по основањето на наградата, со Opel Senator A .
На патот до победата на „Златен управувач“ први гласаат читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag. Тие ги бираат своите тројца фаворити во секоја категорија, испраќајќи ги во финалето. На DEKRA Lausitzring, истакнато жири од експерти составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили потоа ги оценува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на Auto Bild.