Opel ги слави најфасцинантните модели
120 години автомобилско производство Opel ги прославува со приказни полни љубов и авантура кои се прикажани во серија видеа од три дела под хаштагот #Opel120
120 години автомобилско производство на Opel од A до Z е мотото на Instagram профилот на компанијата, а кампањата вклучува брзо возење низ историјата каде како главни актери се вклучени Opel Patent Motor Car “System Lutzmann” од 1899, Opel Kapitan и Opel GT.
„Opel прославува 120 години автомобилско производство и 120 годинии полни со возбудливи, иновативни и пред се емотивни автомобили – и тоа е токму она што сакаме да го претставиме”, вели директорот на маркетинг, Тобиас Губиц.