fbpx

Претставена висококвалитетна леплива лента за е-возила

Lohmann презентираше електрично-спроводлива леплива лента, која ќе се користи во прототип како иновативен концепт за греење кај електрични автомобили

LOPEC, еден од водечките трговски саеми за печатена електроника, се одржа во Минхен во март со околу 160 меѓународни компании. Беше презентиран широк спектар на производи и решенија од областа на органската и печатената електроника.

Областите на потрошувачката стока и електроника, транспорт, медицински, интелегентни текстили и пакување се особено важни за печатената електроника. Ова се области во кои Lohmann има долгогодишно искуство. Експертите од областа на потрошувачките стоки и електрониката, како и апликативното инженерство на Lohmann изложуваа на настанот на заеднички штанд со KEX Knowledge Exchange, кој е информациски услужен провајдер за технологија и пазарни информации.

Во проектот со конзорциум „Печатена електроника”, компанијата разви прототип на иновативен концепт за греење за електрични автомобили, заедно со познат производител на автомобили и специјалниот филмски снабдувач Louisenthal под раководство на KEX. Lohmann е вклучен во проектот со електрично-спроводлива, високо-технолошка, леплива лента која комбинира врзување на различни супстрати со функционални својства. Фредерик Клокер, менаџер на KEX Technology, вели дека „Секогаш сум импресиониран да видам кои иновативни решенија нашите индустриски партнери можат да ги реализираат за толку кратко време”.

Големиот интерес на посетителите на штандот покажа дека саемот понудил соодветна платформа за претставување на проектот. Питер Харент, раководител на Применето инженерство во Lohmann, истакна: „LOPEC еволуираше во најважен саем за печатена електроника. Пред неколку години, LOPEC главно беше наменет за мал круг експерти, денес тој е меѓународна точка за средба на сите сектори од печатената електроника во целиот вредносен синџир.”

Поврзани вести

Back to top button