fbpx

Оревите може слободно да паднат на паркирани автомобили!

Окружниот суд во Франкфурт пресуди дека сопствениците на автомобили паркирани под ореви не можат да бараат надомест ако нивните автомобили биле оштетени од паднатите плодови од дрвото

оревиОвој судски преседан дојде откако жител на Франкфурт побара надомест за оштетување на неговиот автомобил од паднати ореви.

Предниот капак, покривот и вратите биле оштетени, а вкупна штета е проценета на 3.000 евра. Обвинението беше против сопственикот на земјиштето каде што дамата паркирала под дрвјата на истата парцела. Судот одлучи дека оревите паѓаат како „природен процес“ и наведува дека откако се паркирал под оревот, сопственикот на автомобилот требало да биде подготвен за таква штета. Освен тоа, образложението на одлуката на судот вели дека оревите на парцелата за кои станува збор, се од користи на жителите на градот, а ризикот од штетата лежи кај оној што паркирал под нив.

Поврзани вести

Back to top button