fbpx

Отворен првиот продажен салон за Tesla во Македонија

Компанијата eAuto го отвори првиот продажен салон за автомобилите на Tesla во нашата држава

Македонските купувачи конечно добиваат место каде што ќе можат да го набават својот нов Tesla автомобил. Компанијата eAuto и официјално го отвори првиот продажен салон за брендот на електрични возила со што оваа марка сега станува уште подостапна на македонскиот пазар.

Tesla

Салонот е во рамките на спортскиот аеродром Стенковец, а компанијата eAuto најави и дека работи и на поставување на комплетна инфраструктурна мрежа на брзи полначи на најмалку 15 точки во Македонија, со што ќе се придонесе кон подобро прифаќање на електромобилноста на ова поднебје.

Во салонот на eAuto беа изложени Model Y и редизајнираната Tesla Model 3, заедно со уште некои постари модели, а од компанијата најавуваат дека ќе бидат достапни сите автомобили на брендот.

Според информациите, Tesla Model 3 во верзијата со стандарден опсег на движење ќе има цена од 55.000 евра, а Model Y ќе почнува од 56.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button