fbpx

Ова е новиот Human Horizons HiPhi 1

Да, уште еден електричен SUV од автомобилска компанија за која никогаш не сте слушнале..

Human Horizons претставува кинеска старт-ап компанија која сака да ја промени човечката мобилност со својот нов модел, HiPhi 1. Електричниот SUV претставува премиум електричен теренец инспириран од супер-автомобил, кој доаѓа со шест седишта и изобилство на технологија.

Компанијата вели дека HiPhi 1 ја има првата човечки ориентирана архитектура во светот, која го користи AI за да ги осознае желбите на патниците, кон кои потоа тој соодветно ги адаптира сите релевантни системи.

Исто така, HiPhi 1 е првиот автомобил кој има 5G систем за комуникација, а опремен е и со околу 562 сензори со различна големина и типови што го прави теоретски способен за автономно возење од Ниво 4, иако Human Horizons велат дека ќе понудат Ниво 3 автономно возење при лансирањето. Потоа, тука се фаровите кои користат илјадници LED диоди за да проектираат симболи на земјата.

HiPhi 1

Внатрешноста е особено вчудоневидувачка, 50-инчен дисплеј се протега на девет екрани. Пристапот до автомобилот се овозможува со опција за препознавање на лице, кога автомобилот ќе ве регистрира како се приближување, автоматски се отвара една од вратите.

Деталите околу самиот погон сеуште не се познати, а она што го знаеме е дека како кај повеќето електрични модели, HiPhi 1 ја користи т.н. „body on board“ архитектура.

 

Поврзани вести

Back to top button