fbpx

Palisade е новиот SUV предводник на Hyundai

Американската подружница на Hyundai го најави името на новиот SUV предводник на брендот

Во моментот, од компанијата не споделија детали за возилото, но велат дека тој ќе понуди можност за транспорт на осум лица, како и големо количество багаж. Hyundai Palisade ќе им понуди на корисниците богат сет високотехнолошки системи за безбедност и удобност, како и интернет конекција за додадена функционалност во секојдневниот живот.

Дизајнот на надворешноста на Palisade ќе биде одлучувачки за идните модели и истиот ќе биде доста привлечен.

Светската премиера на Hyundai Palisade ќе се одржи за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес на 28 ноември, а возилото ќе биде достапно за купување во САД во текот на летото следната година.

Поврзани вести

Back to top button