fbpx

Папата апелира до полицијата за милосрдие кон возачите

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, апелира до италијанската сообраќајната полиција да биде внимателна и помилосрдна

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, апелира до италијанската сообраќајната полиција да биде внимателна и помилосрдна кон локалните возачи, кои често ги кршат правилата низ улиците на Рим.

папата

– Добротворноста не е знак на слабост, туку напротив…, рече папата на специјалниот состанок со полицијата во главниот град на Италија. – Ако го направите тоа, тоа не значи одрекување на употребата на сила колку што е потребно.

Според папата, најважно е органите на прогонот да се обидат да разберат зошто возачите често ги кршат правилата на движење и се почесто го одвлекуваат вниманието од патот. Една од причините е континураното користење на своите мобилни телефони, додека се зад управувачот.

– Само казните не се решението на проблемот за да се зголеми безбедноста, треба на луѓето да им се укаже да бидат повнимателно, да се едуцираат и да им се објасни за нивните обврски околу нив, потенцира Папата.

Истражување на Националниот статистички институт на Италија покажува дека во 2016 година на патиштата на земјата загинале 3.283 луѓе, а речиси 250.000 добиле повреди. Околу 1/3 од овие несреќи се предизвикани од употреба на смартфони од возачите за време на возењето, од минувањето на црвено на семафорите, како и управување под дејство на алкохол.

Поврзани вести

Back to top button