Париз 2018: Kia e-Niro презентирана од Роберт Де Ниро
Холивудската супер ѕвезда Роберт Де Ниро ќе заземе главна улога во европската рекламна кампања на Kia по повод промоцијата на 100% електричниот кросовер e-Niro
Како амбасадор на новиот електромобил, носителот на две Оскар награди – Де Ниро ќе истакнува непогрешлив квалитет на новиот модел во серија од телевизиски, печатени и онлајн реклами. Со одличните актерски вештини и смисла за хумор, Роберт Де Ниро ќе се фокусира на предностите на целосно новиот електромобил. Односно квалитетите како домет од 485 километри со едно полнење на батеријата, еколошки технологии и уникатност во сегментот на кросовери.
Артур Мартинс, потпретседателот на маркетинг и производно планирање за Kia Motors Europе, вели:„Комуникацискииот план за e-Niro ќе биде толку посебен, како што е и самиот нов модел. Рекламниот концепт ќе се базира на исклучителните вештини на актерот да ја забавува публиката, додека им дава инструкции на возачите како да управуваат со e-Niro – модел кој целосно ќе ги промени перцепциите на современите електрични возила“.
Маркетинг кампањата за e-Niro, со учество на популарниот актер Роберт Де Ниро, ќе стартува во ноември оваа година. Првиот електричен автомобил e-Niro на Kia дебитираше пред европската публика на парискиот меѓународен саем за автомобили. Со 485 километри од едно полнење при возење во градски услови, моделот ќе биде еден од најсофистицираните електрични возила на Стариот континент.
Моделот e-Niro нуди повеќе километри од многу бензински мотори. Во комбинација со модерна визија и практичност, моделот е комплетен со 7 годишната гаранција. Опремен е со голема 64 kWh батерија која гарантира 485 km со едно полнење. Поврзан со брз полнач од 100 kW, e-Niro се полни на 80% од капацитетот на батеријата за 54 минути.
Овој e-Niro е дел од гамата на моделот кој вклучува хибрид и plug-in хибрид. Од почетокот на хибридните верзии во 2016 година, досега, глобалната продажба на моделот надминува 200.000 единици.